Мерц: Избори во февруари e добро решение
„23 февруари е добро решение“, рече Мерц денеска во Берлин, по состанокот со пратениците од неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).
Мерц, фаворитот за следен германски канцелар, денеска рече дека одржувањето на избори во јануари би донело цела низа тешкотии. Меѓутоа, тој тврди дека Германија губи околу еден месец од драгоценото време потребно за формирање нова влада.
Овој 69-годишен политичар прецизираше дека голем број критични закони допрва треба да бидат усвоени во германскиот Парламент со поддршка на неговиот блок, но Шолц мора прво да одржи гласање за доверба со цел формално да го започне изборниот процес.
Шолц планира да го поднесе барањето за гласање доверба на 16 декември, дознава ДПА
Ново на Сител
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила