Македонија
17. February 2025 - 16:39

ЗНАМ е против промена на грбот

ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да најде консензус со ВРЕДИ и ДУИ за промена на државниот грб, бидејќи ниту една од останатите политички партии во Собранието не дава поддршка за овие измени кои се носат со двотретинско мнозинство. По СДСМ, денеска против промената на државниот грб се изјасни и владејачката ЗНАМ

СДСМ веќе се изјасни против промената на грбот а лидерот Филипче рече дека активно ќе делуваат да ја спречат секоја иницијатива во таа насока. Идентичен став има и Левица. Во албанскиот блок и ВРЕДИ и ДУИ се на иста позиција дека ако се менува грбот ќе мора да се смени и знамето и химната а отворањето на Уставот да се искористи и за да се официјализира албанскиот јазик.

Во ВМРО-ДПМНЕ остануваат оптимисти. Се надеваат дека преку дебата ќе успеат да го соберат потребното мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ имаше предлог за промена на државниот грб и во 2014 но не успеа да собере 80 пратеници. 

Последен пат македонскиот државен грб е променет во 2009 година кога од него беше отстранета црвената петокрака.