Македонија
17. February 2025 - 16:38

СДСМ поднесе предлог закон за поевтина храна и струја

Намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 отсто и укинување на данокот за основните прехранбени производи. СДСМ достави предлог мерки до Собранието за заштита на животниот стандард на граѓаните. Цените секојдневно растат, а платите не се доволни за да се помине месецот. Со намалување на ДДВ на електричната енергија, според пратеникот Битиќи, 600 илјади домаќинства ќе добиваат пониски сметки за 13 отсто. Со храна без ДДВ пак, цените на основните производи ведаш би се намалиле за 5%. Битиќи ја повика Владата, да го прифати нивниот предлог, но и веднаш да ги замрзне цените и да ги ограничи маржите. Главниот виновник за поскапување, според него, не се производителите, туку трговците.

Производителите се најмалку криви за високите цени. Еден сточар има трошоци за производство од 9 денари за литар млеко. Ако се додаде и струја, работна рака па и заработка од 7,8 денари. Значи реалната цена на литар млеко е далеку пониска од онаа во маркетите од 80 денари. Не може домашното млеко  да е поскапо од увезеното, вели Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ

Од Владата најавија дека на утрешната седница ќе се одлучува какви мерки ќе се преземат. Согласно договореното, до Министерството за економија се пристигнати неколку предлози од трговците, некои од нив се однесуваат на ограничување на маржата, додека други на намалување на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи. Што ќе се преземе, ќе се разгледува утре, велат од владата.  

Листата произвдои со пониски маржи и замрзнати цени, новоформираната комора денеска ја доставле до Владата, економија и пазарна. Колку производи содржи и  и за колкави маржи се спремни да работат трговците, ќе откриеле деновиве. 

Во меѓувреме и Левица со предлог за подобар стандард на работнците. Бараат исто како пратениците и вработените да добиваат патни трошоци од газдите. 

Враќање на старотото законско решение, каде на работниците ќе им бидат испраќани храна и превоз, неодамна побара и синдикатот.