Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
Милијардерот Илон Маск ја засили својата критика кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, поддржувајќи ги нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз него на Конзервативната политичка конференција (CPAC).
Извршниот директор на Тесла ја доведе во прашање смислата на војната во Украина и ја повтори тезата на Трамп дека Зеленски треба да организира избори. – Толку многу луѓе умираат во ровови.
За што? Ќе ви кажам за што – за најголемата корупциска машина што сум ја видел во животот, изјави Маск.
Претходно, во објава на Икс , Маск тврдеше дека Зеленски е „омразен“ од Украинците и дека „се храни од мртвите тела на своите војници“.
„Претседателот Трамп е во право што го игнорира и бара мир без Зеленски“, додаде Маск.
На конференцијата, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј му подари моторна пила, симбол на неговата политика за радикално кратење на државните трошоци.
„Ова е моторна пила за бирократијата“, прокоментира Маск, држејќи го подарокот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот