Фудбал
3. November 2022 - 10:23

ЛШ: ПСЖ го совлада Јуве но само за второто место во групата

Јувентус одигра еден од своите најдобри натпревари од почетокот на сезоната, но тоа не беше доволно против Пари Сен Жермен . Французите победија со 2:1 во Торино во режија на  Килијан Мбапе . Напаѓачот на светците го  отвори резултатот со фантастичен гол во 13. минута и му асистираше на  Нуно Мендеш за победничкиот гол во 69. минута. Капитенот на „бјанконерите“ Леонардо Бонучи израмни на 1:1 во 39. минута.
 
 
Екипата на Кристоф Галтие заврши на второто место во групата Х на Лигата на шампионите, бидејќи Бенфика ги надмина по убедлива победа од  6:1 против Макаби (Хаифа), а пресуден беше голот во  судиското надополнување. Двата тима завршија со гол разлика 16:7, а Бенфика ја освои групата бидејќи постигна повеќе голови на гости. На гол разлика , Јувентус заврши на третата позиција пред Макаби (Хаифа) , бидејќи двата тима имаат ист број на бодови. Италијанците треба да и бидат благодарни на Бенфика која победи во Израел. Ова го гарантира учеството на Јуве во Лига Европа