ОН: Кризата со мигрантите не може да се реши ако се затвори вратата пред нив
Кризата со мигрантите не може да се реши, ако се затвора вратата пред нив, предупреди помошник генералниот секретар на ОН за човекови права, Иван Шимоновиќ.
- Ако се затвори вратат пред мигрантите, тие очајни луѓе ќе влезат преку прозорец, истакна Шимоновиќ во врска со бегалската криза во Европа.
Тој нагласи дека земјите од ЕУ беа многупати предупредувани да ја очекуваат оваа бегалска криза.
- Смртта на сириското момче, кое се удави покрај брегот на Турција по превртувањето на чамецот со илегални мигранти, ги натера луѓето да ја увидат човечката димензија на кризата, додаде Шимоновиќ.
Помошникот генералниот секретар на ОН за човекови права истакна дека голем број од бегалците, кои ги напуштаат своите домови, бегаат од војни.
Над 300.000 мигранти оваа година тргнаа преку Средоземното Море на пат кон Европа, на кој 2.500 од нив ги загубија своите животи.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра