Ковачевски: Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија ќе биде во Брисел
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција после гласањето во Собранието истакна дека дојде време да се приклучиме кон европското семејство и да се слушне македонскиот јазик.
„Ние во Собранието зборевме за иднина и да се заборави минатото. Опозицијата продаваше лажен патриотизам. Свиреше и урлаше низ Собрание. Во следните денови и недели ќе пристапиме кон реализација и почеток на преговорите со ЕУ и тоа после цели 17 години. Сакам да ја најавам првата меѓувладина седница, која ќе се одржи на 19 јули. Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија ќе биде во Брисел. Со вас, за вас и во име на нашите предци, за денешните и идните генерации од ова ќе излеземе победници. Цената на тие заклучоци е заштита на македонскиот јазик. Преговарачката рамка денеска ја имаме пред нас, во нив јасно е наведен македонскиот јазик без никакви фусноти“, истакна Ковачевски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе