Фудбал
9. јуни 2016 - 9:05

Копа Америка: Кутињо го предводеше Бразил до висока победа

Репрезентацијата на Бразил ја постигна првата победа на Копа Америка откако го совлада тимот на Хаити со 7:1, а предводник на убедливиот триумф беше Кутињо, кој постигна хет трик.

На вториот натпревар од групата Б Еквадор и Перу одиграа нерешено 2:2.

Бразил и Перу се на врвот на табелата во групата со по 4 бодови, Еквадор има 2, а Хаити е без бод.

Вечерва на програмата се  натпреварите од групата Ц: Уругвај – Венецуела и Мексико – Јамајка.