Комплетиран составот на ДИК, избран Абдуш Демири за член на Комисијата
Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 145 седница, без расправа, попладнево го изгласа Абдуш Демири за член на Државната изборна комисија. За одлуката гласаа 90 пратеници, без ниту еден глас против и воздржан.
Демири е предлог за член на ДИК од партиите од Европскиот сојуз за промени. Вториот кандидат, кој се повлече, беше Зуљфи Адили бидејќи Владата на предлог на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го именува за директор на Агенцијата за странски инвестиции.
Со неговиот избор се комплетира составот на Државната изборна комисија. ДИК повеќе месеци беше без седмиот член, откако Кренар Лога стана министер за правда.
Собранието попладнево ја донесе и одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.
Пратениците едногласно го донесоа и Законот за вработените во Министерството за одбрана, а без расправа беа донесени и Одлуката за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија.
На седницата поддршка не доби барањето на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ да се повлечат од дневен ред точките што се однесуваат на стратешките инвестиции.
Ново на Сител
-
По пораката на ДУИ: Подготвени ли сте?, МВР одговори: Ќе се справиме со сите предизвици за дестабилизација
-
Даути повторно одбива да го стави Законот за бранители на дневен ред
-
Ковачев: Не се потребни посредници меѓу Скопје и Софија
-
Ултрадесничарите победија на изборите во Австрија
-
Врие од корупција во јавните набавки покажува истражувањето на ЦГК
-
ДСЗИ во вонреден надзор во кумановската болница, Обвинителството ја чека обдукцијата на 31-годишната родилка
-
Родова или полова рамноправност - Дали е сеедно?
-
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2,500 денари