Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2,500 денари
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.
Граѓаните со поделени мислења. Дел од оние кои ги прашавме ни рекоа дека мерката е добра и особено ќе им помогне на посиромашните, дел пак велат дека поскапувањето на продуктите веќе го потрошило покачувањето на пензиите.
„Не може ние 10% да им зголемиме, некој има 12 илјади пензија, некој има 62 илјади. Тој што има 62 илјади автоматски во старт добива 100 евра, а на тие со најниска пензија тие 10% не им вршат работа. Така што, јас сум за најсиромашната катерија пензионери да добијат повиоски примања, барем пензионерските денови да си ги живеат покомотно, а не сите пари да им одат само за лекови и да не им останува за храна и комуналии“
Директорот на фондот за пензиско, пак, смета дека ако се задржел стариот модел со процентуална корекција на пензиите, зголемувањето би било незначително.
„Доколку сега се одеше со усогласување со таа иста методологија, согласно заводот за статистика, покачувањето ќе беше од само 4%. За минималната пензија, доколку имаше усогласување од 4%, зголемувањето на пензиите ќе беше за 528 денари, а за пензионерите што земаат 40 илјади денари, зголемувањето би било околу 1.600 денари“ – Никола Мемов, директор на ФПИОМ
Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.
Во земјава има над 330 илјади пензионери.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар