Македонија
30. September 2024 - 16:35

Врие од корупција во јавните набавки покажува истражувањето на ЦГК

Врие од корупција во јавните набавки. Според  истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации секоја втора фирма која учествува на тендер смета дека корупцијата е најзастапена, а 23% од нив со корупција се соочиле и лично, во форма на поткуп, како последица на политички интереси или роднински односи.

Минатата година биле склучени договори со рекордна вредност од 1,5 милијарда евра, а на секој трет тендер немало никаква конкуренција, со само еден понудувач.

За танго треба двајца, па Филков смета дека и фирмите и вработените во државните институции подеднакво се извор на корупција. Центарот за граѓаски комуникации има и низа препораки како да се надмине деценискиот проблем.

Истражувањето покажува и дека различни институции набавувале исти производи по драстично различни цени, некаде и по двојно повисока разлика.

Општините лани потрошиле 40% повеќе пари од претходната година, каде фаворити биле само 10 компании кои добиле 25% од вредноста на сите тендери.