Кој, како и зошто пушти вооружени Алфи со криминални досиеја во МВР?
Добив информација дека припадници на единицата Алфи биле распоредени неколку тима во околината на Министерството за внатрешни работи, а некаде во 14: 30 часот влегле и во Министерството за внатрешни работи, односно се поставиле пред Управата за безбедност и контраразузнавање, истакна вчеравечер директорот на БЈБ Митко Чавков.
-Зарем ова ви личат на полициски службеници. Дали ви личат ова на полициски службеници. Тоа се истите лица кои од разни објективни причини претходно биле отстранети од единицата, а сега Оливер Спасовски ги врати. Имало и расправање пред нивното ангажирање, бидејќи имало инсистирање од нивниот командант да дојдат со автоматски пушки, рече Чавков.
Во однос на нивното неовластено присуство, Чавков рече дека во текот на денешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.
-Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и псоле моето јавување ги повлече луѓето, рече Чавков.
Директорот на БЈБ рече дека активирањето на Алфите секако е противзаконски и тоа ќе се докаже, бидејќи треба да се види кој ги ангажирал, за која задача ги ангажирал и според кој критериум се определени токму овие луѓе да бидат ангажирани
Ново на Сител
-
Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица