Кочани со подршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Протестен марш и вечерва беше организиран во Кочани, со учество на граѓаните од Кочани и од соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево.
По обиколката низ градот, пред споменикот на Никола Карев во градскиот парк на присутните им се обрати актерката Кристина Атанасова Арсова. Таа ги повтори барањата зад кои застанаа граѓаните на Кочани заедно со граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“: неприфаќање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на Република Македонија.
- И вечерва сме заедно сплотени како еден во борбата да ја сочуваме нашата Македонија, унитарноста на државата, да не дозволиме нејзино редефинирање. Ние сме обединети и нема да дозволиме да ја разделат нашата Македонија, истакна Атанасова Арсова.
Учесниците на мирниот протестен марш во Кочани и вечерва беа со препознатливи обележја, пароли за единствена Македонија и државни знамиња. Протестен марш е најавен и за утревечер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот