Кандидатите за генерален секретар на ОН ќе бидат сослушани меѓу 12 и 14 април
Седум кандидати за функцијата генерален секретар на ОН ќе учествуваат на неформалните сослушувања, што ќе се одржат во централата на светската организација во периодот од 12-14 април, изјави претседателот на Генералното собрание на ОН Магенс Лукетофт, јави ТАСС.
Според него, тие ќе се преведуваат на официјалниот сајт на ОН на сите шест официјални јазици на организацијата - англиски, француски, руски, арапски, шпански и кинески.
На 12 април во салата на Советот на ОН ќе бидат сослушани министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ, генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и поранешниот португалски премиер Антониу Гутериш.
Следниот ден ќе се одржат сослушувањата со учество на поранешниот словенечки претседател Данило Тирк и со поранешните министри на Хрватска - Весна Пусиќ, и на Молдавија - Наталија Герман.
На 14 април претставници на земјите-членки на ОН го сослушуваат последниот до тој момент кандидат - поранешниот македонски министер за надворешни работи Срѓан Керим.
Лукетофт рече дека неформалниот дијалог ќе биде во формат на двочасовни сегменти, со учество на секој од кандидатите.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат