Македонија
2. July 2019 - 21:27

Избоден маж донесен во Ургентниот центар во Гостивар, полицијата приведе жена

Рано утрово околу 06.05 часот во Полициската станица Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Ш.Ј.(42).

По преземени мерки било констатирано дека тој бил повреден од страна на Р.Н. во угостителски објект во село Неготино, гостиварско.

Р.Н. била приведена и задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.