Италијанското пијано-дуо Скјаво – Маркеџани на „Охридско лето“
Италијанските пијанисти Марко Скјаво и Серџо Маркеџани вечер во рамки на „Охридско лето“ во црквата Света Софија ќе одржат концерт насловен - Пијано „четири раце“.
На програмата на вечерашниот концерт со почеток од 21 часот се избрани дела на Шуберт и Брамс.
Пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ се смета за едно од најактивните и најценетите денес. Извонредната координираност, техника, експресивност, убавина на звук, интензивност и прекумерна енергија со која се одликуваат нивните настапи, ја плени публиката низ целиот свет.
Дуото музичари Серџо Маркеџани и Марко Скјаво своето знаење го стекнале под менторство на некои од најистакнатите професори-пијанисти денес. Заедно музицираат уште од 2006 година и оттогаш имаат направено стотици концерти на некои од најзначајните фестивали и најпрестижните сали во светот.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан