ИПИС: Фајзер и Спутник-В најпреферирани вакцини меѓу Македонците
Фајзер и Спутник-В се најпреферирани вакцини меѓу испитаниците во анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат.
На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за Спутник-В, 21,6 за Фајзер, 13,8 за која било, 6,2 за Астра Зенека, 4,4 проценти за Синофарм и 3,1 за Модерна. На истото прашање, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти се уште не се решиле со која би се имунизирале.
Од испитаниците во Анкетата на ИПИС, 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Македонија слично се справува како другите држави.
Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава. Според ИПИС, во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје било земено како посебна целина заради своите посебности.
Од ИПИС напоменуваат дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, а поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.
Ново на Сител
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт