Интернационална фестивалска вечер на „Илинденски“ денови во Битола
Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со интернационална вечер на музика и игра на која ќе настапат фолклорни друштва и групи од три континенти.
Според програмата, фестивалската вечер ќе ја отворат членовите на Кралската уметничка група „Алкуоне“ од Белгија, а веднаш по нив ќе настапи ансамблот „Паџети“ од италијанското приморско гратче Минтурно.
Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека за интернационалната фестивалска вечер посебни содржини подготвиле танцовата група „Халелуја“ од Израел и „Шилпагија“ од осум милионскиот индискиот град Ахмедабад, кои и синоќа приредија атрактивен фолклор.
- Фолклорната група „Шилпагија“ годинава одбележува мал јубилеј, 15 години од формирањето и за првпат гостува на Балканот. Лично сметам дека привилегија е да ја претставуваш својата нација на било кое место во светот, а кога прашуваат по што е познат нашиот град Ахмедабад, со задоволство истакнуваме дека тоа е градот во кој е роден Махатма Ганди, изјави за МИА, основачот на фолкорната група „Шилпагија“, Бихан Ша.
Во Битола се и членови на фолклорната група „Кладец“од Москва кои на фестивалот „Илинденски денови“ гостуваат по препорака на Министерството за култура на Руската федерација, а за прв пат во земјава и во градот под Пелистер како и сите фолкорни групи од странство, пред публиката во овој град ќе настапат и членовите на фолклорниот ансамбл „Монтереал“ од Мексико.
На интернационалната вечер како репрезенти на македонскиот фолклор ќе настапат ансамблите „Битола“ и „Гоце Делчев“, потврди организаторот на 49. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам