Илјадници луѓе останаа без струја во Австралија по тропскиот циклон
Десетици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд останаа без струја, два дена откако тропскиот циклон донесе разорни ветрови и силен дожд.
Циклонот Кирили, бура од втора категорија, го зафати брегот што се граничи со Големиот корален гребен во близина на туристичкиот град Таунсвил, оставајќи околу 66.000 луѓе без струја.
Кирили е вториот тропски циклон што ја погоди областа откако Џаспер предизвика широка регионална штета во декември.
Портпаролката на Ергон Енерџи, Ема Оливери денеска изјави дека околу 48.700 луѓе останале без струја поради циклонот.
„Целта е до крајот на денот в недела да им се врати струјата на што повеќе корисници. Во некои оддалечени области, чекањето ќе биде подолго“, рече рече Оливери, додавајќи дека повеќето прекини на електричната енергија се предизвикани од дрвја и големи гранки на далноводи.
Премиерот Ентони Албанес во петокот рече дека војниците се готовност за да помогнат во расчистувањето на областа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот