Свет
29. December 2024 - 9:22

Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120

Потврдено е дека се загинати 120 лица, а само две лица – и двајцата од екипажот – се спасени, соопшти јужнокорејската противпожарна служба, откако авион на Чеџу Ер се урна при слетување на меѓународниот аеродром Муан, Јужна Кореја.

„Досега двајца се спасени, 120 потврдено е дека се загинати“, се вели во соопштението на Националната противпожарна служба, а операцијата за пребарување и спасување е во тек.

Во авионот имало 181 лице – 175 патници и шест членови на екипажот.

Авионот е „Боинг 737-800“ на јужнокорејската авиокомпанија „Чеџу ер“ (Jeju Air) и летал од Бангкок.