Македонија
29. December 2024 - 16:47
Засилени безбедносни мерки во Охрид
Во пресрет на Новогодишните и божиќните празници засилени безбедносни мерки во Охрид.Полициски службеници ќе патролираат во централното градско подрачје , приградските населби ,туристичките локалитети како и на сите оние места каде ќе има прослава и присуство на поголем број гости.
И тимовите на Црвениот крст ќе бидат на терен каде ќе има органзирани настани,тие изминативе години најчесто за дочекот на Новата година интервенирале кај алкохолизирани лица ,и лица со посекотини.
Надлежните апелираат до сите граѓани и посетители да се однесуваат внимателно во сообраќајот да не управуваат возила под дејство на алкохол и да ги согледуваат сите аспекти кои би значеле почеток на некаков конфликт.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->