-->
-->
Хорор во Ниш: Ја убил сосетката, ја ранил внуката, па се самозапалил
-->
Вистински хорор се случувал синоќа во селото Кнежица, во близина на Ниш, Србија.
Горан Илиќ (45) од селото Кнежица ја убил сосетката Деска Мишиќ (82), а и нанел тешки повреди на нејзината внука Милица Мишиќ (28).
Како што јавува српски „Курир“ девојката е префрлена во Клиничкиот центар во Ниш со тешки повреди.
По злосторството, убиецот отишол во неговата викендичка, се запалил и се самоубил со ловечка пушка.
Како што неофицијално дознава српски „Курир“, Илиќ околу 21:55 часот влегол во куќата на соседите и од засега непознати причини пукал кон двете жени.
Според соседите Илиќ бил пијан. Истрагата е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот