Хилари Клинтон вети ако ги добие изборите половина од министрите од администрацијата ќе бидат жени
Демократскиот предентент за номинацијата за Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон изјави дека доколку биде избрана половината од министрите на кабинетот ќе бидат жени.
Во дискусијата во студиото на телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си, синоќа водителката ја праша Клинтон дали ќе го повтори ветувањето, дадено и исполнето од канадскиот премиер Џастин Трудо - да постави жени на половина од функциите од администрацијата.
Клинтон изјави дека планира да состави „кабинет кој и прилега на Америка, а жените претставуваат 50 проценит од Америка“. Дискусијата на поранешниот државен секретар во голем дел беше посветена на заштитата на правата на жените.
- Многу девојчиња во тинејџерската возраст се подложени на силен притисок од страна на медумите. Им се наметнува дека не се доволно привлечни или не се доволно добри. Тоа треба да престане, изјави Клинтон.
Таа исто така, се заложи мажите и жените во САД да имаат еднакви можности.
Во актуелната администрација на Барак Обама само четири од 15 -те министри се жени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам