Хидробиолошкиот завод од Охрид одбележува 80 години од основањето
Јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид денеска на свечен начин го одбележа својот голем јубилеј – 80 годишнината од основањето.
Директорот на установата д-р Сузана Патчева во обраќањето пред присутните гости на свеченоста говореше за историјатот на институтот, формиран на иницијатива на познатиот лимнолог и технолог Синиша Станковиќ, кој и денеска важи за најдобриот познавач на Охридското Езеро.
Иницијативата за основањето на првата научна институција од тој вид на Балканскиот Полуостров не дошла случајно оттаму што првиот пишан податок за Охридското Езеро датира од средината на 19 век, а во тоа време кога се поставени темелите на науката за проучување на копнените води, биле спроведени и првите значајни откритија во езерото.
Двајца познати зоолози од Универзитетот во Виена - Штеиндахнер во 1892 и Сторани во 1894 година во Охридското Езеро откриле ендемични видови риби и полжави. Потоа познатиот загрепски заоолог Спиридон Брусина пред светската биолошка јавност го истакнал значењето на тие откритија, по што следуваа низа географски, геолошки, геоморфолошки, хидролошки, фаунистички, флористички, таксономски, ломнолошки и други проучувања.
- Основањето на нашата институција претставувало пресврт во истражувањата на уникатното Охридско Езеро и неговиот жив свет, богат со ендемични и реликтни видови, бидејќи се создадени предуслови за континуирано и систематско проучување на Охридското Езеро, и не само за него туку и за Преспанското, Дојранското Езеро и сите останати акумулации и реки во земјата, истакна Патчева.
Проф. д-р. Трајче Талевски како експерт со 29-годишно искуство во Институтот, од своја страна истакна дека институцијата историски успеала да опстои во три држави, со долгорочна програма пред се за заштита на Охридското Езеро.
- Академик-професор Станковиќ успеал да ја сфати значајноста на Охридското Езеро како единствен еко-систем во Европа...Основните начела врз кои функционира Институтот се заштитата на Охридското и останатите езера во земјата. Сметам дека Институтот има потенцијал, научен кадар, технологија, да успее да се справи со сите притисоци, пред се антропогениот фактор, што се повеќе им се закануваат на природните езера во земјата, рече Талевски.
Хидробиолошкиот Институт е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес која ги покрива истражуваните субјекти на лимнологијата, главно природните езера, но и вештачките езера и реките. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија, со особена нагласеност на Охридското Езеро - најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.
Во текот на долгогодишните истражувања на Охридското Езеро повеќе од 800 трудови се публицирани и презентирани. Традиционално, истражувањата на Хидробиолошкиот Институт биле фокусирани на фундаменталната хидробиологија. Ова ги вклучува некои нутриенти, температура (струења и миксија), проѕирноста на водата, примарна продукција, хлорофил, флора и фауна, ендемизам, специјација, а во последните три децении следењето на состојбата со загадувањето и еутрофикацијата на езерото е една од истражувачките активности.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми