Македонија
8. January 2025 - 16:38

Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух

Струмица повторно меѓу најзагадените градови во државата. Само што ги укина, министерството за животна средина пак  ги активираше мерките и препораките за заштита на граѓаните од загадениот воздух. Државниот автоматски мониторинг покажал дека прагот на алармирање на штетните суспендирани честички во изминатите два дена ја надминале вредноста од 150  mg /m3.

Граѓаните велат дека загадувањето е најизразено во вечерните и претпладневните часови и бараат конкретни мерки од институциите.

За екологистите,  мерките на министерството ниту се доволни ниту ефективни. Бараат засилени инспекциски контроли и санкции.

За помалку од месец дена Струмица три пати влегува во црвената зона со висок степен на загаденост на воздухот. Доколку продолжи ваквата состојба од еко активистите најавуваат протести.