Македонија
8. January 2025 - 12:15

Тројца 20-годишници повредени откако со „пежо“ излетале на патот Охрид - Св. Наум

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од селото Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од селото Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.