Францускиот премиер Филип критикуван поради сметката од 350.000 евра за приватен лет од Токио
Францускиот премиер Едуар Филип денеска ги отфрли критиките за неговата одлука да потроши 350.000 евра од буџетот за авион од приватна компанија со кој премиерот и неговата делегација се вратиле во Франција од посета на Јапонија.
- Целосно ги разбирам вознемиреноста на францускиот народ. Знаевме дека нема комерцијален лет од Токио во тој период, а моравме да се вратиме во Париз бидејќи претседателот Макрон заминуваше во посета на Алжир. Правилото е, секогаш кога е тоа возможно, или премиерот или претседателот да биде во Франција. Преземам целосна одговорност за одлуката, изјави Филип.
Премиерот Филип е критикуван поради тоа што сепак на располагање имал службен авион на француската Влада, но не го искористил, наводно поради тоа што леталото не било доволно удобно. На крајот, изнајмениот приватен авион пристигнал во Париз само неколку часа пред владиниот авион, кој летал празен.
Критиките кон Филип доаѓаат во време кога и претседателот Макрон е критикуван поради скапата прослава на неговиот 40-ти роденден во кралскиот замок Шамборд. Но, во овој случај, Макрон и неговата сопруга за прославата платиле од свој џеб.
Ново на Сител
-
Истражување: Половина од граѓаните се подготвени да посегнат по насилство за да се заштитат себе и семејството
-
Комората на трговци бара итна средба со Владата, предупредува дека ограничувањето на маржите ќе предизвика затворање на маркетите и отпуштање вработени
-
Маж си ги убил 13-годишниот син и поранешната сопруга во БиХ
-
По 17 години расчистен случај на кражба на банка во Атина со одземени над четири милиони евра
-
Вашингтон пост: Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции од 30 до 40 проценти
-
Шолц: Не смее да има наметнат мир во Украина, какво било решение мора да ја вклучи Америка
-
Две лица осомничени за над 10 кражби приведени во Тетово
-
Писториус: Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина