Францускиот премиер Филип критикуван поради сметката од 350.000 евра за приватен лет од Токио
Францускиот премиер Едуар Филип денеска ги отфрли критиките за неговата одлука да потроши 350.000 евра од буџетот за авион од приватна компанија со кој премиерот и неговата делегација се вратиле во Франција од посета на Јапонија.
- Целосно ги разбирам вознемиреноста на францускиот народ. Знаевме дека нема комерцијален лет од Токио во тој период, а моравме да се вратиме во Париз бидејќи претседателот Макрон заминуваше во посета на Алжир. Правилото е, секогаш кога е тоа возможно, или премиерот или претседателот да биде во Франција. Преземам целосна одговорност за одлуката, изјави Филип.
Премиерот Филип е критикуван поради тоа што сепак на располагање имал службен авион на француската Влада, но не го искористил, наводно поради тоа што леталото не било доволно удобно. На крајот, изнајмениот приватен авион пристигнал во Париз само неколку часа пред владиниот авион, кој летал празен.
Критиките кон Филип доаѓаат во време кога и претседателот Макрон е критикуван поради скапата прослава на неговиот 40-ти роденден во кралскиот замок Шамборд. Но, во овој случај, Макрон и неговата сопруга за прославата платиле од свој џеб.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови