Балкан
13. February 2025 - 10:50

Маж си ги убил 13-годишниот син и поранешната сопруга во БиХ

Две лица биле убиени ноќеска во Босна и Херцеговина, а сторителот е во бегство. Како што потврди Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла, пронајдени се телата на жена и нејзиниот 13-годишен син.

Како што беше кажано, мажот ги убил сопругата и синот, а полицијата моментално трага по него. Телата се пронајдени во станбено-деловен објект, а според неофицијални информации, мажот и жртвата Инела С. биле формално разведени, но живееле заедно.

Повеќе детали ќе се знаат подоцна, изјави Арнаутовиќ и додаде дека се уште не е познат начинот на убиството.