Филипче: Досега се регистрирани вкупно 62 слуачи на заразна жолтица
Досега се регистрирани вкупно 62 слуачи на заразна жолтица, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Имаше повеќе работни средби од страна на експерти од Институтот за јавно здравје и најбитно е тоа што нема епидемиолошка поврзаност на случаите, туку сите тие се поединечни и во повеќе школи, што значи дека не е изворот школите, туку е донесена жолтицата од надвор. Будно се прати сиутацијата. Морам да апелирам и да препорачам заразната жолтица е болест на нечисти раце. Апелирам до децата, задолжително да ги мијат рацете, заради тоа што е начинот на кој што оваа болест се спречува односно не се појавува, изјави Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска присуствуваше на отворањето на четвртото Роса школо за родителство во Здравствениот дом во Струмица.
Ново на Сител
-
По пораката на ДУИ: Подготвени ли сте?, МВР одговори: Ќе се справиме со сите предизвици за дестабилизација
-
Даути повторно одбива да го стави Законот за бранители на дневен ред
-
Ковачев: Не се потребни посредници меѓу Скопје и Софија
-
Ултрадесничарите победија на изборите во Австрија
-
Врие од корупција во јавните набавки покажува истражувањето на ЦГК
-
ДСЗИ во вонреден надзор во кумановската болница, Обвинителството ја чека обдукцијата на 31-годишната родилка
-
Родова или полова рамноправност - Дали е сеедно?
-
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2,500 денари