Филип Петровски на конгрес на Меѓународниот архивски совет во Сеул
Директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски учествуваше на конгрес на Меѓународниот архивски совет, кој од 5 до 10 септември се одржа во Сеул, Јужна Кореја, соопшти денеска Архивот.
ДАРМ информира дека Конгресот бил организиран од Меѓународниот архивски совет и Националниот архив на Кореја, на тема „Архиви, хармонија и пријателство“. Се дискутирало за најновите меѓународни стандарди во архивското работење и дигитализацијата; за дилемите на архивите во однос на заштитата на приватноста на граѓаните и правото на сите граѓани за пристап до архивските фондови, со посебно внимание кон меѓународните закони за авторски права.
За време на Конгресот се одржале повеќе средби на Извршниот одбор на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет (European Branch of International Council of Archives of - EUROBICA), каде што од мај 2016 година Филип Петровски е избран за нов член.
- Филип Петровски за време на Конгресот оствари повеќе контакти, договори повеќе проекти и присуствуваше на првиот и сите пропратни состаноци на Извршниот одбор на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет, кој брои вкупно седум членови кои ги застапуваат интересите на околу илјада архиви од Европа во Меѓународниот архивски совет. На состаноците на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет во Сеул се дискутираше за начинот на којшто ова тело ќе ја продолжи својата работа; како и за контактите со бројното членство во овој огранок, а Петровски беше задолжен за контактите со архивите од Југоисточна Европа, соопшти Државниот архив.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата