Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
На барање на директорите на средните училишта од Штип, Битола и Скопје, Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе обезбеди соодветен простор за организирање на државната матура во мај и јуни. Во Штип, директорката на ДИЦ се сретна со ректорот на УГД за да договори полагање на матура во предавалните и амфитеатрите на факултетите, каде има доволно простор за да се исполнат утврдените прописи.
- Согласно правилата за организирање на матурата, просторот треба да биде раздалеченост меѓу учениците од метар и половина, за да можат да работат непречено и да имаме подобра прегледност во полагањето на испитите од екстерниот дел од државната матура. На барање на директорите, се обративме до ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ да ни овозможи и да ни даде поддршка за организирање на екстерните испити, изјави Даниела Јовчевска Михајловска, директорка на Државен испитен центар
- Верувам дека учениците ќе имаат содветни услови за полагање на матурата, ќе имаат конфор, простор каде што ќе можат непречено да ги реализираат сите активности, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД- Штип Мираковски.
Поголемиот простор нуди можност за поголема прегледност при полагањето.
- Самите тестатори можат полесно да ги набљудуваат учениците да се намали делот на препишување. Затоа што знаете дека изминатите години се соочувавме со еден таков проблем, за да имаме што е можно поголема објективност во реализација на државната матура и се разбира поголеми достигнувања кај самите ученици, додаде Јовчевска Михајловска.
Според податоците на ДИЦ во средните училишта во земајва оваа година има околу 15.000 матуранти.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар