-->
-->
Фајзер: Нашата вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години
-->
– Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 давала силен имунолошки одговор против болеста за време на истражувањето кај деца на возраст од 12 до 15 години.
Британските медиуми пренесувајќи го ставот на компанијата наведуваат дека две дози од вакцината на Фајзер се 100 отсто ефикасни против Ковид-19, врз основа на мерењата направени четири месеци по примањето на втората доза.
Фајзер планира, по анализата на долгорочните податоци, да аплицира за целосно одобрување на вакцината за оваа возрасна група во САД и ширум светот.
Фајзер и БиоНТек ќе бараат одобрение за доза од 30 микрограми, за деца од 12 години и постари.
Досега, вакцината беше одобрена од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), но само за итна употреба на возраст од 12 до 15 години, додека целосна дозвола беше дадена за лица на возраст од 16 и повеќе години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш