ЕУ институционална средба со Министерството за правда
Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска одржаа втор работен ЕУ координативен состанок со министерот за правда Валдет Џафери.
- На состанокот се дискутираа активностите кои се преземаат во областите на судството и борбата против корупцијата, а се поврзани со процесот на европска интеграција, односно Итните реформски приоритети, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), соопшти Секретаријатот за европски прашања.
Вториот состанок е дел од циклусот ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. СЕП најави дека средбите ќе продолжат во наредниот период и со други релевантни институции.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила