-->
-->
ЕП 2016: „Стампедо“ под Ајфеловата кула
-->
Паника и стампедо избувнаа во текот на четвртфиналниот дуел во саботата вечерта меѓу Германија и Италија (1-1, 6-5 на пенали) во рамките на европскиот фудбалски шампионат во Франција, во фан-зоната на Марсовите полиња во Париз, пренесува интернет страницата на L'Equipe.
На екранот пред Ајфеловата кула во текот на директниот пренос од мечот кој се играше во Бордо во еден момент во масата гледачи со извици се втурнала кон излезите, туркајќи сé пред себе вклучително и оградите на зоната. Лицата кои настрадале од масовната хистерија биле веднаш прегледани од лекарите кои дежурале во близината.
Причината за паниката била експлозија на петарда, којашто некој од неодговорните љубители на фудбалот успеал да ја прошверцува во фан-зоната, пишуваат очевидци на Twitter.
Многумина од гледачите, имајќи ги предвид терористичките атентати од ланскиот ноември во Париз, еден од нив во близина на стадионот „Стад де Франс“ кога беа убиени 130 луѓе и кога во земјата сé уште на сила е највисокото ниво на безбедност, помислиле дека станува збор за терористички напад, пишува весникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата