ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите
Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето произвоство го има натфрлено за 10,9 проценит и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата.
Како што посочи деновиве откако е зафатена земјава со студен бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината.
АД ЕЛЕМ, потенцира, дека во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети.кои работат, а хидроелектраните се во резерва и, како што посочи, доколку дојде до зголемување на конзумот, односно потребите на потрошувачите ќе бидат ставени во функција и ќе одговрат на потребите на потрошувачите
- Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики при што во текот на вечерва температурата во Македонија падна и под 25 степен под нулата, во Скопје беше околу -23. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби и така ќе одговараме, рече дирекиторот на АД ЕЛЕМ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам