-->
-->
Ел Шарави отстапен на Монако
-->
Фудбалерот на Милан и репрезентативец на Италија, Стефан Ел Шарави (22), една година ќе игра во дресот на Монако, потврди францускиот клуб. Милан прифатил на една година да го отстапи Ел Шарави, а во договорот е вметната и клузула според која Монако за 18 милиони евра ќе може да го откупи во целост неговиот договор.
Ел Шарави кој е роден во Савона, кариерата ја започна во Џенова, а во 2011 година се пресели во Милан. За седумкратниот европски првак Ел Шарави има одиграно 82 натпревари, на кои постигна 21 гол. Младиот напаѓач поради повредите ја прошушти речиси целата сезона 2014/2015.
Во дресот на италијанската репрезентација, Ел Шарави, има постигнато еден гол на 13 одиграни натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат