Доналд Трамп: Истрагата за врските со Русија и нанесуваат штета на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката да се именува специјален советник, за да ја надгледува истрагата за руското влијание врз минатогодишните избори, им нанесуваат „страшно голема штета на интересите на САД“.
- Верувам дека покренатата истрага и наштетува на нашата земја, затоа што ја прикажува поделена, измешана и разединета, изјави Трамп за Си-Ен-Ен и за Си-Ен-Би-Си.
Ваквата негова изјава е различна од претходно изнесените реакции.
Во соопштението на Белата куќа, откако медиумите објавија дека претседателот барал од сега веќе сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми да ја прекине истрагата за поранешниот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, заедно со демантот за таквото тврдење на медиумите, се изразува и уверувањето дека целото ова прашање, брзо ќе се разреши.
Реагирањето се измени, кога Белата куќа разбра дека заменик државниот обвинител Род Розенстаи , определи специјален советник за започнатите истраги на ФБИ.
На Твитер, Трамп тогаш напиша дека таквото решение го смета за „најголемиот, подинечен лов на вештерки, врз еден политичар во американската историја“.
„Покрај сите нелегитимности во кампањата на Хилари Клинтон и на админстрацијата на Барак Обама, не се определи специјален советник, но се прави сега“, забележува претседтелот на својата страница на Твитер.
Поставувањето на Роберт Мулер, некогашен директор на ФБИ, кој 12 години раководеше со Бирото, се до изборот на Коми на таа функција, во Вашингтон беше поздравено и од демократите и од републиканците.
Тој ќе ја преземе контролата врз натамошната истрага и ќе има широки овластувања.
Во соопштението, по повод неговото поставување, заменик државниот обвинител Розенстаин забележува дека „јавниот инетерес наложил целата истрага да се стави под надлежностите на еден човек со независност кон нормалниот синџир на командување“.
Американските разузнавачки агенции веруваат дека Русија се обидувала да се вмеша во изборите во САД, типувајќи на Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже