-->
-->
Дејвис куп - финале: Хрватска - Аргентина 1:0
-->
Тениската репрезентација на Хрватска поведе со 1:0 во финалето од Дејвис купот против Аргентина што се игра во „Загребска Арена“. Пред повеќе од 14.000 гледачи (2.000 Аргентинци) првиот поен за Хрватска го донесе Марин Чилиќ, кој во меч во пет сета го победи Федерико Делбонис со 3:2 во сетови.
Првите два сета го доби Чилиќ со 6:3 и 7:5 во гемови, а потоа Делбонис изедначи откако ги доби сетовите со 6:3 и 6:1. Во решавачкиот беше 6:2 за Чилиќ. Мечот траеше 3 часа и 30 минути.
Во вториот сингл меч денеска играат Иво Карловиќ за Хрватска и Хуан Мартин Дел Потро за Аргентина. Утре се игра мечот во двојки, а во недела на програмата се два сингл меча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата