Бранителот Игор Илиевски бара помош за лекување во странство
Четириесетгодишниот Игор Илиевски, бранител од конфликтот во 2001 година, кој живее и работи во Македонска Каменица бара помош од хуманите за лекување во странство.
Тој поради проблеми со 'рбетот мора да биде подложен на оперативен зафат во Република Бугарија, кој заедно со предоперативниот третман чини околу 8.000 евра.
- Имам последици од тогаш, уште од 2001-ва година. Бев на најразлични третмани, но ништо не ми помогна. Надеж ми дадоа лекарите од болницата Токуда во Софија. Предлагаат операција со која ќе бидат вградени импланти од страна на д-р Валентин Пелинков. Операцијата е закажана на 10 јануари, а таа чини 8.000 евра. Веќе не можам да сум активен во службата во ПС во Македонска Каменица, прераспределен сум на посоодветно работно место. Имам постојани болки и вртоглавици, состојбата е неиздржлива, рече Илиевски.
Жителите на Македонска Каменица изминатиов месец собираа средства за лекување на нивниот бранител, но собраа само половина од средствата.
- Досега е собрана половина од потребните средства за оперативниот зафат и недостигаат уште околу 250.000 денари. РОЦ Саса донираше 100.000 денари, од отворените телефонски броеви се собрани 150.000 денари, а од општина Македонска Каменица донацијата е во износ од 30.000 денари. Со оглед на тоа дека Игорчо Илиевски не е во можност сам да ги плати сите трошоци, потребно е да се сплотиме и заеднички да донираме, истакна Васко Десподовски, пријател на Игор.
Донациите за Игор Илиевски се очекуваат на сметка 300007098470124 – Комерцијална банка или на телефонските броеви 070 143 133, 077 143 475 и 075 143 475.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца