Битола: Приведени две лица, пронајдена дрога и муниција
Полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола вчера ги лишиле од слобода М.Ј. и Ј.Б., двете лица од Битола.
- При претрес извршен со наредба од Основен суд Битола во дом и помошни простории кај М.Ј. од Битола, биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со осум куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки капси за сигнален пиштол, соопштија денеска од МВР.
Ккао што информираат од МВР, малку подоцна, приведена е и Ј.Б.(34), бидејќи по преземени мерки и активности е утврдено дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот.
Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 и по член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ