Автомобил удри во капијата на Руската амбасада во Романија, возачот загина
Приватно возило утрово удри во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт, соопшти полицијата.
Во извештајот на Државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот загинал на самото место .
На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.
На видео објавено на социјалните мрежи се гледа дека автомобилот е зафатен од пламен додека припадници на обезбедувањето трчаат нив областа.
Според полицијата, пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот успеале да го изгаснат пожарот.
Засега нема информации за евентуалниот мотив или други детали.
Романија, која има долга копнена граница со Украина, прими повеќе од 600.000 бегалци откако Русија ја нападна таа земја
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ