Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
„Исходот од изборите не е тоа што го посакувавме, не е тоа за кое се боревме, не е тоа за кое гласавме“.
Камала Харис го призна поразот на претседателските избори. Вели, резултатите мора да се прифатат, но сега не е време за да се кренат рацете, туку да се засукаат ракавите. Најави дека нејзината работа ќе продолжи и натаму за доброто на слободата, правдата и иднината.
„Мораме да ги признаеме резулатите од изборите. Претходно денеска зборував со избраниот претседател Трамп и му честитав. Му кажав и дека ќе му помогнеме нему и на неговиот тим во транзицијата. И дека ќе учествуваме во мирна транзиција на моќта“.
И додека се чека 20 јануари за Трамп и официјално да биде инаугуриран, веќе се „крчка“ неговиот кабинет. Американските медиуми веќе ги објавија потенцијалните имиња кои ќе бидат дел од неговиот тим.
Петмина се во игра за нов државен секретар.
- Рик Гренел, поранешен амбасадор во Германија во претходната администрација на Трамп и човек од доверба на избраниот претседател. Беше и директор в.д. директор на Националното разузнавање и со тоа стана првиот секретар во историјата на САД кој е отворен хомосексуалец. Токму со Гренел средба имаа македонските владини претставници при неодамнешната псоета на САД.
- Бук Хагерт, сенатор од Тенеси кој беше дел и од администрацијата на Буш. Тој веќе има искуство со Трамп, бидејќи беше амбасадор во Јапонија за време на минатиот мандат.
- Роберт О’брајан е единствениот кој не бил на висока функција во претходниот мандат на Трамп. Во 2018 и 2019 беше специјален пратеник за заложнички работи.
- Марко Рубио е поранешен противник на Трамп во внатрепартискиот избор за кандидат за претседател, на изборите кога Трамп ја победи Хилари Клинтон. Сенаторот од Флорида сега се смета за поддржувач на Трамп, главно околу гледиштата кон надворешната политика, особено за Куба и Иран.
- Мајк Волтс е ветеран од американската армија. Неговото искуство и гледишта кон војната во Украина сега го става во конверзација за висока функција во кабинетот на Трамп, со оглед на тоа што е во игра и за Секретар за безбедност.
Најголема конкуренција има за позицијата Секретар за финансии. Шестмина ќе се борат за да ја преземат оваа функција. Тоа се главно луѓе кои доаѓаат од бизнисот, освен Бил Хагерти и Лари Кудлоу. Кудлоу е долгогодишен телевизиски финансиски аналитичар, а беше директор и на Националниот економски совет на Трамп.
Тројца се во игра за Секретар за безбедност. Меѓу нив е и Мајк Волтс кој е кандидат и за Државен секретар.
- Том Котон е сентатор од Арканзас. И во минатиот мандат на Трамп беше во игра за истата функција. Тој е ветеран на американската армија од Ирак и Авганистан и е еден од првите поддржувачи на Трамп за време на првото претседателствување.
- Мајк Помпео беше прв човек на ЦИА, а потоа и државен секретар. Тој се обиде и да се кандидира за претседател на овие избори, но потоа застана зад Трамп. Поддршката за Израел и тврдите ставови кон Иран го одбележаа неговиот мандат. Многу е веројатно дека доколку тој биде изборот на Трамп, Демократите жестоко да се спротивстават.
Три имиња се во игра за шеф на кабинет во Белата Куќа. Брук Ролинс веќе беше дел од администрацијата на Трамп и одигра клучна улога во носење на Законот за кривична правда.
Кевин Мекарти е близок со Трамп. Тој во минатиот негов мандат играше улога на посредник меѓу извршната и законодавната власт.
Меѓу нив е и „мозокот“ на кампањата на Трамп. Искусната Сузи Вајлс и во минатото водеше дел од кампањите на Трамп, дури и кога тој замина од Белата Куќа.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар