Македонија
10. November 2022 - 16:16

Арматурни шипки паднале врз дете во Гостивар

Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од објект во изградба на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 65-годишниот Х.А. од гостиварски Вруток, паднале метални предмети (арматурни шипки) и повредиле 16-годишен малолетник од Гостивар, кој поминувал покрај објектот, информираат од МВР.

Извршен е увид во кој покрај екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар учествувале и повеќе инспекциски служби. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.