Анкета: Во светот расте довербата во вакцините против Ковид-19
– Довербата во вакцините против Ковид-19 расте ширум светот и се повеќе луѓе се подготвени да ја примат, а истовремено се намалуваат стравувањата од несакани ефекти, покажуваат резултатите од студија спроведена во 14 земји.
Истражувањето е спроведено од Институтот за глобално здравје иновации при Империјал колеџ во Лондон (IGHI) и компанијата „ЈуГов“ (YouGov) и покажува дека довербата во вакцините е зголемена во девет од 14 земји, вклучувајќи ги Франција, Јапонија и Сингапур, каде претходно довербата во вакцините беша мала.
Според истражувањето, спроведено од 8 до 21 февруари, најподготвени за вакцинирање се Британците, од кои 77 проценти изјавиле дека сакаат да се вакцинираат против Ковид-19.
Во ноември минатата година пред да биде одобренна вакцината на Фајзер/БиоНтек, само 55 отсто од Британците изразиле подготвеност да се вакцинираат.
Луѓето во Франција, Сингапур и Јапонија сепак се најмалку подготвени да примат вакцина против Ковид-19.
Во Франција, само 40 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат да се вакцинираат, а во Сингапур и Јапонија нивниот процент изнесува 48. Сепак, зголемување на подготвеноста е забележано и во овие три земји, бидејќи во ноември само 25 проценти од Французите, 36 проценти од Сингапурците и 39 проценти од Јапонците биле подготвени да се вакцинираат.
Резултатите покажуваат дека во поголем број земји е намален стравот од несакани ефекти на вакцината. Французите (56 проценти), Сингапурците (59 отсто) и Јапонците (61 процент) се најмногу загрижени за можните нус ефекти од вакцината, а Британците се најмалку загрижени.
Во анкетата учествувале повеќе од 13.500 луѓе во Австралија, Велика Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска.
Ново на Сител
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски