Анкета: Повеќето Американци стравуваат од војна во иднина
Речиси две третини од Американците стравуваат дека САД можат да учествуваат во некоја голема војна во наредните четири години за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Ен-Би-Си њуз“.
Се наведува, дека 36 отсто од граѓаните се многу загрижени поради тоа, додека 30 проценти се делумно загрижени.
Четвртина од Американците не се загрижени многу поради евентуалното учество во војна, а само осум проценти воопшто не се загрижени.
Кога станува збор за партиска припадност на анкетираните, многу повеќе демократи, дури 88 отсто, изразиле загриженост поради тоа, додека републиканците се многу помалку загрижени.
Меѓутоа, повеќето Американци, 62 проценти, оценуваат дека САД треба да ги земат предвид интересите на нивните сојузници, дури и ако тоа значи постигнување на компромис со нив.
Ново на Сител
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка