Ангажирањето на полициски сили во камповите за мигранти во Албанија, Италија ќе ја чини над осум милиони евра годишно
Над осум милиони евра буџетот на Рим ќе го чини ангажирањето на вкупно 295 карабинери и италијански полицајци, кои ќе бидат вработени во прифатните центри за имигранти во Албанија, во Ѓадр и Шнѓин.
Новинската агенција „Ла Пресе“ јавува дека офицерите кои доаѓаат од Италија ќе престојуваат во еднокреветни соби во два луксузни хотели, во крајбрежната област Шнѓин. Станува збор за хотели кои нудат приватна плажа, велнес центар, додека пристап ќе имаат во два луксузни ресторани, објави А2 телевизија.
Според деталниот напис, годишните трошоци за живот на полицајците и карабинерите кои ќе работат во двата центри ќе изнесува 8.897.200 евра.
-Трошоците за секој полицаец се проценуваат на приближно 80 евра дневно, додека за нивно сместување постои можност да се користи и трет хотел, од истата категорија. Овој договор на италијанската влада е потпишан на една година, пренесува телевизијата
Потсетува дека до сега иако се изградени камповите во Ѓадр и Шнѓин, внатре во нив нема имигранти. Дури и 12 од нив кои првично беа населени, по одлука на Римскиот суд за имигрантите од „безбедните земји на потекло“ се вратени назад во Италија.
-Опозицијата во Италија го смета договорот Рама-Мелони за формирање два центри за баратели на азил како вистинско губење народни пари, во време кога „полициските сили во земјата имаат други приоритети како што се зголемување на платите, итни регрутации и купување на нова опрема, додава А2 телевизија.
Договорот, потпишан во Рим на 6 ноември минатата година, со важност од пет години и можност за негово продолжување, Италија ќе ја чини најмалку 670 милиони евра.
Ново на Сител
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?