Loading Video...
Свет
7. November 2024 - 12:42

Преглед на вестите од светот

По 4 години пауза од првиот мандат Доналд Трамп повторно се враќа во Белата куќа, овој пат со голема победа над противкандидатот актуелната потпретседателка на САД Камала Харис. 

Според најновите проекции, Трамп има 295 електорски гласа, од 270 што му се потребни за да стане претседател, додека Харис има 226. Трамп најави златно доба за Америка. Како што утрово пренесоа агенциите претседатлот на Кина Си му ја честиташе победата на Трамп.

Потпретседателката на Харис во своето обраќање на насобраните во кампусот на Универзитетот Хауард во Вашингтон им соопшти дека му честитала на трамп за изборната победа и му рекла дека ќе му помогне во транзицијата на власта.

На настанот беше присутен и нејзиниот кандидат за потпретседател, гувернерот на Минесота, Тим Волц. Камала Харис како демократски кандидат се појави во јули откако претседателот Џо Бајден се повлече.

Германската владејачка коалиција од три партии се распадна откако синоќа, канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи.

Кризните разговори во коалицијата на Социјалдемократската партија на Шолц, Зелените и Слободната демократска партија на Линднер дојдоа до врвот откако ФДП објави документ со барања за либерални економски реформи кои другите две партии тешко ги прифатија. Според последните информации по распадот на владината коалиција, Бундестагот на 15 јануари ќе гласа за доверба на владата.

Чад над Бејрут во утринските часови откако најмалку четири израелски напади беа насочени кон неговите јужни предградија, според либанската телевизија Ал Џадед ТВ.  Израелската војска во средата им нареди на жителите во јужните предградија да се евакуираат неколку локации, а потоа следеа два брана бомбардирање, еден доцна во средата и друг рано во четврток.

Делови од соборени руски беспилотни летала повредија најмалку две лица и оштетија неколку згради во украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, соопштија градските власти утрово. 

Нападот предизвика и пожар во ресторан на 33-от кат од зграда во богатиот централен кварт Печерск, а три станбени згради исто така беа оштетени во други области.