54 новозаболени и 6 починати од коронавирус во изминатите 24 часа
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти, 12 од Дебар и 20 од Скопје, кои се лекуваа во домашни услови, велат од МЗ.
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови во Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1,
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.
Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 329
Куманово – 236
Дебар – 49
Штип-28
Прилеп –85
Тетово – 38
Струга – 43
Велес – 34
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –9
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2
Кичево – 1
Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен ф-тет -18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со pcr метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19, информираат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат