128 сообраќајни прекршоци во Скопје, 20 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат
-
Преглед на вестите од светот